
Извлечени се телата на двајца македонски планинари на Кајмакчалан
Извлечени се телата на двајцата планинари од Македонија од врвот Кајмакчалан и се симнуваат кон скијачкиот центар каде што доктори од итната служба ќе треба да констатираат дека момчето и девојката од Македонија се мртви, соопшти МИА, повикувајќи се на грчката противпожарна служба. Телата на загинатите планинари најверојатно се веќе во Воден.
Двајца планинари од Македонија, загинаа качувајќи се кон на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе.Неофицијално загината е девојката К.В.(25) и 35 годишен маж, кои биле во група со планинари од Грција и Македонија.
Македонското МВР соопшти дека во 3 часот по полноќ во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на две лица-планинари им се губи трагата на планината Ниџе. Настанот го пријавиле членови на групата со кои планинареле. Според нивното кажување, по кратко време откако тргнале да се искачуваат на планината од страна на Република Грција, на двајца нивни членови им се губи трагата. За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и грчките погранични служби. Набргу потоа, телефоните на двајцата планинари се лоцирани на 100 метри во територијата на Република Македонија.