
Извинување од професорката Најчевска за изјавата за именувањето на Љубомир Михајловски
На ден 29.12.2019 во вестите на телевизија Телма изјавив дека Уставот бил прекршен со именување на Љубомир Михајловски за министер за внатрешни работи.
Изјавата ја дадов врз основа на сознанија со кои располагав кога бев дел од Хелсиншкиот комитет на Македонија. Со оглед на тоа дека актуелните официјални податоци не се совпаѓаат со овие сознанија се извинувам за дадената изјава.
Меѓутоа оставам простор за во иднина, доколку дојдам до соодветните спротивни податоци да ги обелоденам и да го повлечам ова извинување.
Во прилог погледнете го интервјуто со професорката Најчевска.