
Извештајот за притворот на Јанева доставен до Советот на јавни обвинители
Извештајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот со Рекетот и отворената истрага против Катица Јанева денеска е доставен во Советот на јавните обвинители, потврдуваат од обвинителството.
Во извештајот се содржани деталите од постапката против Катица Јанева, истрагата за злоупотреба на службената положба на специјалната обвинителка и причините за барање на притворот.
Советот на јавни обвинители врз основа на овој извештај ќе треба да одлучи дали ќе бара разрешување на Јанева од позицијата во СЈО.