
Извештајот на СЈО пред паратениците
Последниот извештај за сработеното на специјално јавно обвинителство денеска пред пратениците.
Овој шетмесечен извештај за периодот од 15 септември лани до 15 март годинава, минатата недела беше доставен и до советот на јавните обвинители, а денеска специјалната обвинителка Катица Јанева ќе го презентира пред членовите на собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Овој петти по ред извештај има педесетина страници, обвинителството бара од судовите да одбегнуваат непотребно одлагање на започнатите судски рочишта. Во него за прв пат беше наведено дека е воспоставена соработка со јавното обвинителство.