Извештај на Стејт департменот за човекови права

Основните права на граѓаните во Македонија главно биле почитувани изминатата година, но американскиот Стејт департмент како главна забелешка која ја карактеризира земјата во Извештајот за човековите права ја повторува оценката за добро спроведени претседартелски избори. Но наведува дека биле одржани во “услови на недоверба во институциите и во политичкиот естаблишмент“. Иако е констатиран напредок во сите области, оваа оценка ја наведуваат како општ заклучок.

Критики има највмногу во делот за судството кое го оценуваат како:

Ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветно финансирање и натаму ја спречуваат неговата ефикасност.

Сепак се заклучува дека за разлика од порано Владата повеќе ја почитува судската независност и дека има продобрувања со оглед на пресуди по случаи на СЈО. Случајот Рекет е споменат во делот за корупцијата, каде е наведено апсењето на обвинителката Катица Јанева под сомневање за злоупотреба на функцијата.

Со Антикорупциската комисија направен е голем напредок, но сепак тоа останува болна точка на државата.

Владата го почитува законот, но има извештаи за функционери вмешани во корупција. Според невладините организации, доминантната улога на власта во економијата создава можности за корупција, се вели во извештајот.

Стејт департменот регистрира напредок во областа на медиумите иако се потребни напори за саморегулација, како и во состојбата со затворите, со правата на работниците, но заклучува дека лицата од ЛГБТ заедницата и натаму се маргинализирани.  

Сања Васиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ