
Израел пресилен за кошаркарските јуниори
Нов неуспех за македонската јуниорска кошаркарска репрезентација која го доживеа третиот пораз во низа на Европското првенство од Б дизивијата (играчи до 18 години) што се одржува во Скопје. Во СРЦ „Кале“, беа убедливо совладани од Израел со 81:57 во четвртото коло од групата Ц.
Избраниците на селекторот Панче Милевски мечот го загубија во првото полувреме кое Израел го доби со 41:18. Во второто беа порамноправен противник но негативата беше превисока за можен резултатски приклучок.
Андреј Јакимовски и Андреј Данилов двајцата со по 12 ет поени беа најдобри стрелци кај нашиот национален тим, Дамјан Миса постигна 11 ет. Во спротивниот табор Дени Авдија со 16 погодоци беше најефикасен на средбата.
Во доесгашниот дел шампионатот, Македонија оствари само еден триумф и трипати беше поразена. Утре против Чешка ќе се обиде да го избегне последното место во оваа конкуренција.