Измените на законот за стечајците наскоро на владина седница

Измените на законот за стечајците, наскоро ќе се најдат на владина седница. Од Mинистерството за труд, очекуваат дополнувањата да поминат на владина седница, веќе во вторник, а во собраниска процедура да влезат уште во првата недела од март.

Од 20 септември, кога беше донесен законот, досега се обештетени 2.690 стечајци, а со измените се очекува да бидат опфатени дополнителни две илјади стечајци, кои работеле во акционерски друштва, односно во фирми кои биле во државна сопственост, па се приватизирале, но не го промениле матичниот број.

Според здружението на стечајци, УНИТ најтешка е ситуацијата во Куманово, бидејќи има 1. 600 стечајци, а решение за надомест досега добиле едвај шеесетина.

Рокот за поднесување на апликација за обештетување истекува во септември. Месечниот надоместок е нешто повеќе од 7.500 денари.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ