ДОМ и рударската асоцијација се судрија околу измените на Законот за минерални суровини

Измените на законот за минерални суровини се одмрзнаа. Пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска вели дека измените се веќе ставени на маса во собраниските комисии, а за нив како зелена партија најважно е Македонија е да се откаже од изградба на рудници на секои 10 метри.

Но, од македонската асоцијација за рудници пристигнаа остри критики. Сметаат дека измените кои се на речиси две страници ќе направат конфузија во овој сектор, а ќе предизвика и бркање на инвеститорите, но и ставање на катанец на рудниците.

Според Македонската асоцијација за рударство за одмрзнувањето на измените на законот дознале од медиумите. Забележуваат дека потребно е заеднички да се седне и да се направат квалитетни измени, бидејќи законот за минерални суровини досега е еден од најменуваните закони во собранитето.

Рударскиот сектор најави дека ќе бара и средба со пратеничките групи во собранието и со надлежните министерства. Во македонското рударство во моментов се вработени околу 12.600 лица, а извозот достигнал и до 180 милиони долари.

Викторија Јованова Димитрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ