Изменет обвинителниот акт за обидот за убиство на Села

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на претеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието.

Обвинителниот акт за овој предмет е изменет, а пред судот го прочита денеска обвинителот.

За обвинетиот Сашо Сенков обвинителот се откажа од обвинението за него и тоа како што рече врз основа на анализа на доказите, посебно од последната ново откриена снимка од самиот напад и извлекувањето на Села, која беше прикажана на минатото рочиште.

За обвинетите Стојан Павлески – Кобра и за Цане Георгиевски преквалификувано е делото од обид за убиство во насилство.

За дргите седум обвинети останува делото убиство во обид, на што бурно регираше обвинетиот Александар Јаневски – Тошта. Тој гласно без да добие збор од судијката почна да вика – зошто сум јас обвинет зашто сум оснивач на ВМРО?! Кажете кој се јави за да ме судите.. !

Во тој метеж, тој падна на земја, најверојатно му се слошило, по што судијката даде пауза.. А тој подоцна беше со возила на Брзата помош беше однесен во болница..

Судењето е во тек, повеќе информации во вестите во 15.30..

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ