Измамничката од УЈП плетела мрежа на жртви, едни на други вршеле уплати а парите завршувале кај Розмарин

Измамничката од УЈП плетела мрежа на жртви, едни на други вршеле уплати а парите завршувале кај неа. Розмарин Стојковска ги терала жртвите да уплаќаат пари на трансакциска сметка на други жртви од кои пак ги црпела средствата без да знаат. Така Марјан Коруновски чие име беше споменато дека е можно да е нејзин соработник всушност е нејзина жртва. Се јави за да објасни дека без да знае, на негова сметка биле уплаќани пари а Стојковска бидејки имала полномоштво за да располага со неговите сметки и ги имала неговите картички си ги земала парите.

Во неделната емисија на КОД една од оштетените откри дека Розмарин ја терала да уплака пари на сметка на за неа непознатиот маж за кого се сомневаше дела и е соработник. Но всушност и Коруновски претходно наседнал на лагите на Розмари. Ја запознал случајно, како вработена во УЈП му ветувала помош за да добие неповратен кредит од државата за фирмата. Услов било да и уплати депозит за кој го увервала дека мора да го има оти наводно такви биле условите.

Бројот на оштетени од Розмарин Стојковска од ден во ден се зголемува. По објавувањето на серијалот на КОД не се појавува на работа во УЈП но од институцијата за сега нема одговор дали ќе биде избркана од таму. Повторуваат дека во моментов се уште тече дисциплинската постапка и не смеат да оддаваат податоци. Инаку на 6 ти мај во велешкиот суд е закажано рочиште на кое ќе се одлучува дали условната казна затвор која и е одредена уште пред четири години ќе се активира. Осудена е поради измама на луѓе од росоман тешка 36 илјади евра, таа до сега требаше да им ги врати парите, но бидејки тоа не го стори и се заканува затвор од 2 години.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ