Изложба “Боров Дол 2011-2018” во Штип
Печки за топење на метал и алатки кои ги користеле рударите и металурзите пред 6.000 години се дел од изложбата „Боров Дол 2011-2018 година“.
Археолози и работници учествуваа во истражувањата на локалитетите во и околу Боров Дол, каде што наредната година треба да се отвори новото рудно тело, коешто на радовишки Бучим ќе му го продолжи векот за 10 години.
Завршија истражувањата на археолозите, пронајдени се околу 1.000 предмети, а заклучокот дека локалитетите биле рударски населби.
Сега на терен се машините на Бучим, кои го подготвуваат новото рудно тело
На изложбата во Штип присуствуваше и министерот за култура Исмаили, кој со посетите на општините ги скенира состојбите во културните институции и утврдува кои се приоритетни проекти за новата Програма, но и утврдува дали општините се подготвени за преземање на центрите за култура.
Тој не прецизираше дали наредната година ќе има повеќе или помалку пари за културата.
Во Штип во наредните два дена културата и економијата ќе имаат заеднички допирни точки преку археологијата и рударството на меѓународниот симпозим, на којшто присуствуваат научни работници од девет земји.