Излетничките места традиционално преполни со отпадоци

Распалени скари, ѓубре на сите страни е сликата која можеше се забележи на повеќе излетнички места во Скопје и околината. Голем број граѓани се одлучија за пикник со скара на отворен простор и покрај забраната за палење оган на места на кои не е дозволено и казната изнесува 200 евра. Ваквата слика за екологистите е вознемирувачка и доказ дека нивните апели за жал до малкумина допираат, вклучувајќи ги и надлежните институции.

„Одговорните треба да го знаат тој проблем и каде има собирање на поголем број луѓе и соодветно да организираат и соодветна инфраструктура корпи ако треба контејнери. Тие што се помлади без кола помладите или било што тие најчесто го фрлаат еве може да видите тука како се фрла и тоа е недозволиво“, кажа Јован Мазгановски, екологист.

Град Скопје ги подготви излетничките места со искосени тревници, санирани клупи и летноковци, со надеж дека нивниот апел ѓубрето да се фрла во корпите многумина ќе го почитуваат, вели Ваљон Салиху. Во светот постојат точно определени површини кои се наменети за пикник и каде е дозволено граѓаните да  подготвуваат скара, дали и град Скопје има стратегија во иднина да реализира вакви проекти?

„Сега за сега местата кои ги спомнав шумата Водно, Гази Баба Сарај, езерото Треска Кањон Матка  тие се местата кои се наменети за излетнички места  во Скопје“, кажа Ваљон Салиху, портпарол на „Град Скопје“.

Сликата која можеше да се забележи на излетничките места говори дека и покрај желбата да го одбележат Денот на трудот многумина граѓани не се потрудија да ги почитуваат правилата кои важат  и да го фрлат своето ѓубре во најблиските контејнери до нив.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ