Изјавите на разрешените од СДСМ, договор да не се вадат валканите алишта во јавност?!

Синхронизираните, ослободени од суета, изјави на разрешените партиски функционери на СДСМ се очигледен договор, валканите алишта да не се вадат пред очите на јавноста, анализираат политичките аналитичари. Сменетите испратија и пораки со поддршка до Заев но, прашање е дали тоа цивилизирано ниво ќе се задржи и после тешките одлуки што допрва доаѓаат?

За Арсовски, партијата е полесниот дел од равенката за Заев. Кога ќе дојде време за владата, ќе стигнат и компликациите, особено со коалиционите партнери. Дополнителен ризик е и законската одредба со која, доколку се менува една третина од владата, мора да се врати мандатот и да се гласа за нова влада. Со тоа, настапуват и сите правни механизми што постојат и пред формирање на владата, нови коалициски преговори, нови бројки, ново пребројување. Теоретски, може да се очекува и отпор од некој од партнерите.

Кадровските промени во владата, смета аналитичарот, не се доволни, туку е потребна и промена во начинот на функционирање. Клучни, според него, се областите за кои Европската комисија има забелешки во сите извештаи, а тоа се структурните реформи на јавната администрација, владеењето на правото, посериозен напредок во економските сфери, правната предвидливост за бизнис, ендемската корупција и ситниот криминал.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ