Изгубена довербата во Судскиот совет

Судскиот совет не беше на очекуваното ниво поради што и граѓаните изгубија доверба, коментираат поранешни судии кои учествувале во подготовката на извештајот на Институтот за човекови права. Советот потфрли со тоа што не беше доволно транспарентен, ниту доволно ефикасен, вели пензионираната врховна судијка Вера Коцо. Судскиот совет ги премолчил преместувањата на судиите спротивно на нивната волја, случувањата со АКМИСОТ, но и објавените прислушувани разговори, коментираат поранешни судии.

Во извештајот за работата на судскиот совет има и низа други забелешки и препораки за работата на судскиот совет од избор на судии и претседатели до одговорноста на судскиот совет. Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски не се согласува со критиките. Според неговата анализа Судскиот совет што тој го предводи е меѓу најтранспарентните во Европа.

За извештајот за АКМИСОТ, Караџоски повтори дека не видел ништо конкретно и затоа Судскиот совет бара записници од Министерството за правда.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ