Изгореле документите за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски!?

Четири пеплосани канцаларии, уште неколку зафатени. Синоќешниот пожар во Министерството за правда ја зафатил и една од најважните простории. За Телма од оттаму потврдуваат дека знаат дека се изгорени документи во архивата на Секторот за меѓунардона правна помош. Во таа архива со сигурност била сместена и комплетната документација,  преписките со Грција за екстрадицијата на бегалаците и поранешни тајни агенти Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети од Специјалното јавно обвинителство за прислушување и уништување опрема во УБК.

„Една од зафатените канцаларии е Секторот за меѓународна правна помош, заедно со дел од архивата. Не знаеме колку материјали се уништени, ниту кои документи. Во овие простори се работат и се чуваат и екстрадиционите предмети. За среќа и да се уништени пишаните документи, тие дополнително се чуваат во електронска форма во компјутерскиот систем на министерството“, велат од министерството.

Овој сектор е матичен и на Одделението за екстрадиција и трансфер. Ако се погледне систематизацијата на министерството, во овие канцаларии се воделе сите постапки поврзани со Интерпол. Предизвиканата штета засега се мери во простории и инвентар.

Од МВР се воздражни. Со часови се премерува, се земаат остатоци, а истражителите ги поврзуваат доказите од денешниот увид за да ја најдат причината како дошло до огнената стихија на 4-от кат, веднаш по завршувањето на работно време. Засега е познато дека пожарот го гаснеа дваесетина пожарникари со 11 возила, неколкумина побараа медицинска помош, а веднаш соопштија дека висока темперартура се создала во внатрешноста на објектот.

Оваа зграда гори втор пат, но прв пат откако предната страна поранешната градска и извршна власт ја преслекоа во барокна фасада.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ