Изгоре работилница за мебел во гостиварско Долна Бањица

Во голем пожар кој избувнал вчеравечер, изгоре работилница за мебел во гостиварското село Долна Бањица. Огнот најпрво се појавил во магацинот на објектот, и брзо се проширил.

Противпожарната единица на Гостивар била повикана околу 22 часот и 30 минути, по што започнала интервенција за гаснење. Огнот зафатил и околни објекти, но пожарникарите успеале да го локализираат.

Борбата со пламените јазици траела до 3 часот и 30 минути наутро, кога пожарот целосно бил угаснат. Во гаснењето учествувале и екипи од противпожарните единици од Скопје и од Тетово. Двајца пожарникари од Гостивар, при интервенирање се здобиле со повреди. Едниот од нив, Ерѓил Исени, денес пред нашата камера го сподели синоќешното непријатно искуство.

Денес увид на местото изврши екипа од Полициската станица во Гостивар. Причините и деталите за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ