
Изгоре маж на цистерна на железничката станица во Илинден
Утрово почина 46 годишен скопјанец по удар од струја на вагон со нафта во скопската населба Илинден.
На железничката станица како што јавувааат од противпожарната брига на Скопје имало уште десетина вакви цистерни . Тие добиле повик дека дека маж гори качен на цистерна за нафта. Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот и да спречат да ја зафати цистерната која е полна со гориво, но и да спречат ширење на пожарот.
За сега не се знаат причините зошто лицето М.Б се качило на цистерната и како настанал пожарот. Полицијата и обвинител се уште вршат увид на местото на несреќата.
Теодора Цветковска