Изгоре кафулето „Фонтана“ во ТЦ „Мавровка“

Познатото кафуле „Фонтана“ во трговскиот цнетар „Мавровка“ синоќа изгоре во пожар. Скопската противпожарна бригада интервенираше со седум возила и 21 пожарникар и спречи огнот да се прошири и на околните локали.

Според МВР пожарот избувнал нешто пред 2 часот а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

„Околу 01.50 часот во Скопје, на бул.„Гоце Делчев“ настанал пожар во угостителски објект „Фонтана“, сопственост на М.А.(34), при што целосно била опожарена терасата. Повредени лица нема“, информираше министерството.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ