Избрен молк-гласаат дијаспората затворениците и болните лица

На гласање во Канбера денеска излегоа повеќе гласачи од првиот круг на изборите. Во Мелбурн, пак, ситуацијата е обратна, односно, излезноста е помала. Во овие две места, поради временската разлика, гласањето заврши.

Излезноста во останатите дипломатско-конзуларни претставништва, каде се гласа денеска, до 10 часот беше  7,71 процент. Највисока  е во Сараево – 25 проценти,  во Брисел досега излегле 16,33 отсто од гласачите, во Прага 14,58, а најниска излезност има во Стокхлом. Во сите 32 избирачки места во странство,  право на глас имаат 1781 гласач. Од ДИК информираа дека, гласањето се одвива непречено, како во странство, така и во државата, каде денеска гласаат затворениците, болните и немоќните. Во меѓувреме, ДИК разреши 14 избирачки одбори, на гласачките места каде во првиот круг имаше вишок на гласачки ливчиња.

Разрешени се цели избирачки одбори во Центар, Куманово, Охрид, Берово, Кавадарци и Ѓорче Петров и покрај тоа што е утврдено дека вината е кај поединци.

 

Далиборка Демјанска Цветановска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ