Изборот на ДИК заглавен во партиски инаетења

Фотељите во Државната изборна комисија се уште се празни. Нема кој да седне во нив и да ја почне процедурата за референдумот, најавен за септември. Двете најголеми партии со денови се надмудруваат за тоа, кој ја кочи работата околу изборот на персоналниот состав на ДИК, но и останатите неопходни реформи.

За СДСМ не е прифатливо барањето ан опозицијата, во случај на предвремени избори, да се формира техничка влада, што беше случај  на претходните избори. Велат дека, техничката влада беше резултат на Договорот од Пржино и дека сега нема потреба од нешто такво. Повторија и дека нема да има амнестија за осудените за 27 април.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, остануваат на ставот дека, според договорот за враќањето на опозицијата во Собранието, во пакет со новиот состав на ДИК треба да се донесат и законот за финансирање на партиите и за измени на изборниот законик. Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски, најави дека утре ќе ја информира јавноста подетално за своите понатамошни потези.  Вчера изјави дека, сè додека партиите не се договорат за ДИК, нема да закаже седница на Комисијата. Рокот е пробиен и без партиски договор ќе треба да се повтори целата постапка, да се распише нов оглас, нов рок за кандидатури со што би се изгубило непотребно време.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ