
Изборниот процес под лупа на Советот на ЕУ
Само со позитивна кампања и фер и демократски избори може да се надеваме на исход и одлука на Европскиот совет за почеток на преговори со Унијата, вели вицепремиерот Бујар Османи. Ги посетил сите институции кои се надлежни за изборниот процес и им укажал дека треба да сторат се што е во нивна надлежност да не се фрли никаква дамка на организирањето и спроведувањето на изборите.
Социјалдемократите очекуваат ВМРО ДПМНЕ да води негативна кампања затоа што биле исплашени од носењето на Законот за Јавно обвинителство.
Аналитичарите оценуваат дека како што ќе се наближуваат изборите така политичкиот амбиент ќе станува се поагресивен, пропагандата нема да бира средства, а сето тоа може да се одрази и врз намалување на одзивот на гласачите.
Партиите деновиве се растрчани и на терен кроејќи ги кандидатските листи за пратеници. ДУИ при селекцијата ќе го применува ветингот, СДСМ ќе има застапеност на жените од 50% додека ВМРО ДПМНЕ ќе прави комбинации од нови лица со искусни кадри. Се водат и разговори за предизборно коалицирање.Алијансата на Албанците и Алтернатива потпишаа договор за соработка , ДПА преговара со НДП на Вејсели, СДСМ со БЕСА, ВМРО ДПМНЕ најавува коалиции со помалите политчки партии. Листите со пратеници треба да се достават до ДИк најдоцна до 12 март.
Јулијана Пешевска