Изборни маки и мистерии во време на Ковид-19, ќе ги допрат ли симпатизерите своите партиски лидери на митинзи

Шпалир. Гласна партиска химна ечи од звучниците. Лидерот влегува, а партиските членови се буткаат да го допрат или да го поздрават. Но Ковид 19 ќе ја смени оваа митинг-хистерична обврска на партиските членови и наместо да ги зближи ќе ги оддалечи лидерите од членството на митинзи. Тоа е предвидено со протоколите за избори, но кај аналитичарите се уште тлеат прашањата како кампањата ќе изгледа во овие услови.

Поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски вели дека предизборните мерки се во согласност со светските здравствени препораки бидејќи избори ќе има насекаде. Но остануваат старите проблеми кои мора да ги ртеши ДИК кој треба да направи прецизни упатства за самиот изборен ден, како ќе се одвива гласањето, дали големите избирачки места ќе се поделат, како избирачкиот одбор да се заштити од потенцијалната опасност при листање на изборниот материјал.

Новаковски вели дека е добра идејата за продолжување на изборниот ден.

Помал одзив сигурно ќе има, проценуваат аналитичарите Петар Арсовски и Владимир Божиновски, а нивната прогноза е дека што подоцна се изборите ќе се зголемува излезноста. Електронското гласање и натаму е погодно за Македонија, но се уште далеку затоа што граѓаните едноставно немаат доверба во институциите, а исто така ни партиите не си веруваат, велат аналитичарите за Телма.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ