Изборната кампања се засили пред да почне

Изборната кампања се засили пред да почне. Иако официјалниот старт е во среда, на 24-ти јуни, деновиве се користи секоја можност за партиска афирмација.

СДСМ ветува дека ќе води безбедна кампања – без големи собири на отворено со повеќе од 50 лица, без настани во затворено со повеќе од 30 лица, без митинзи и без активности „од врата на врата“.

Партијата ги повика сите учесници на изборите да водат сметка за заштита на здравјето, а ВМРО ДПМНЕ да ги почитува мерките.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нивната кампања ќе се темели врз принципот „здравјето пред се“, односно, врз сугестиите на експертите од партиската комисија за здравство.

Го обвинуваат СДСМ дека „краде фотографии од интернет“ со кои „лажната нормалност преминува во лажна реалност“.

ДУИ е во кампања најмалку една недела: секојдневно ја објаснуваат својата идеја за премиер – албанец и бараат широка поддршка: од партиите, од академската заедница, од граѓанскиот сектор.

И другите партии се обидуваат да држат чекор со СДСМ; ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Македонски концепт понуди проект за справување со отпадот, Алијанса за албанците тврди дека Сега е време за промени, Глас бара оставки поради големиот број заболени од корона.

На овие избори учествуваат 4 коалиции и 11 партии. Имаат 87 кандидатски листи во шест изборни единици.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ