Изборна кампања без митинзи

„За сега нема причина за одложување на изборите, но има причина за избегнување на големите предизборни митинзи. Јавниот интерес и здравјето на граѓаните треба да биде во прв план, пред политиката и изборите.“

Ова е заклучокот од едночасовната средба на техничкиот премиер Оливер Спасовски со раководствата на седум парламентарни партии.

Кризниот штаб на Владата ќе продолжи да ги информира партиите за состојбата со вирусот на дневна основа.

Од 23-ти март, кога почнува изборната кампања, ќе треба да се бараат поинакви форми на комуникација со гласачите.

На координативниот состанок во Владата присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Ако биде потребен ребаланс на буџетот или друга одлука поврзана со последиците од корона, Парламентот би можел да заседава.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ