Изборите ја чинат државата 7,9 милиони евра

Трошоците за организирањето и спроведувањето на претседателските и на локалните избори се околу 4,4 милиони евра.

Државата потроши уште 3 милиони 700 илјади евра за медиумска кампања.

За изборните органи, ДИК утврди градација на надоместокот. 800 лица во општинските комисии ќе земат: 25 до 60 илјади денари ако биле ангажирани како претседатели и 15 до 50 илјади како членови.

За 35 илјади лица во избирачките одбори е предвиден надомест од 5 илјади 200 до 6 илјади денари за претседателот и 3 илјади 200 до 4 илјади денари за членовите.

Ќе биде исплатен надомест и за ангажираните стручни лица за статистички операции, контрола на печатењето, за обезбедување на гласањето, за компјутерската безбедност на податоците, за едукаторите и за други, според критериумите: временски ангажман, компетенции и работна успешност.

Без надомест ќе останат само претседателот и членовите на ДИК. Тие доброволно се откажуваат од ова законско право.

За медиумска кампања, што годинава за прв патсе покрива од буџетот, најмногу потрошила Гордана Силјановска-Давкова: 88 милиони денари, Стево Пендаровски 82, а Блерим Река 51 милион денари.

Најмногу реклами имало во Сител –  за 10 и пол милиони денари, Телма и Алсат треба да добијат по 9 милиони, Канал 5 – 8 и пол а 24 Вести речиси 4 милиони денари.

ДИК очекува сите трошоци да бидат  подмирени во текот на наредниот месец.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ