
Избори на 15 јули – СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ постигнаа договор
Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули, соопшти предмалку претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција. Датумот го потврдил и лчидерот на најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„ Го заклучуваме 15 јули како конечен и последен датум за избори на кој ќе учствува опозицијата. Зборував со Мисцкоски кој потврди дека ќе учествува на изборите“, рече Заев.
Тој кажа дека заедно со Мицкоски ќе го информираат претседателот Пендаровски за да ја продолжи вонредната состојба за да се исполнат условите за одржување на избоите на 15 јули.
15 јули, среда, ќе биде неработен ден а избопрниуот процес ќе трае до 21 часот.