Изборен молк од полноќ, претседателските кандидати во обид да го придобијат гласачкото тело

Уште неколку часа ги делат претседателските кандидати до изборниот молк. Во обид да ги придобијат гласачите секој од нив упати пораки зошто токму за него треба да се гласа на 21 април. Задоволни се од тринеделната кампања, организираните митинзи, дебати и средби со граѓани. Стево Пендаровски нуди програма концепирана на шест столбови: претседателот обединува, безбедна иднина, лицето на државата, соседите, стратегиска цел, демократска и правна држава и национална безбедност. Има причини зошто граѓаните треба да го подржат.

За разлика од Пендаровски, во фокусот на програмата на Гордана Сиљановска се можностите за ревизија на Преспанскиот договор. Нејзин најголем адут е владеење на правото.

За владеење на правото се залага и Блерим Река. Водечки мотив во неговата програма е стабилна мултиетничка држава со јасна визија за иднината.

Тројцата претседателски кандидати се оптимисти дека изборниот процес во недела ќе заврши во демократска атмосфера и граѓаните ќе ги препознаат вистинските вредности.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ