
ИВЗ ќе ги отвари џамиите за верниците
Исламската верска заедница на 12 мај ги отвора џамиите за верниците. Ваквата одулка е донесена на вчерашниот вонреден состанок а ИВЗ ја објаснува со константното следење на состојбата со пандемијата, но и дека е лута на активностите на МПЦ.
ИВЗ многу внимателно го следи подобрувањето на здравствената состојба во земјата, намалувањето на бројот на заразени од вирусот, како и молбите на 13-те муфтивства, засновани на барањата на верниците и се налути од активностите на негрижа од МПЦ која ги охрабри верниците, и Ријасетот на ИВЗ на својот вонреден состанок одржан на 07 мај донесе одлука: од 12 мај, вторник, џамиите ќе бидат во служба на исполнување колективните верски обврски и одлуката стапува во сила од денот на објавувањето, се наведува во одлуката објавена од страна на Реисот, Сулејман Реџепи.
ИВЗ потсетува дека таа ги имаше суспендирано молитвите во џамиите следејќи ги препораките од релевантните институции за заштита на здравјето на населението и оти била единствената верска заедница во земјава која јавно ги повика своите верници да ги следат препораките за заштита на здравјето, иако тоа никогаш не било поздравено од властите.