
Ивановска: Работиме на предметите за струшкото и охридското крајбрежје, како и за Матка и ќе излеземе со конкретни резултати
Државната комисија за спречување корупција има отворено посебни предмети за струшкото и охридсктото крајбрежје, како и за платформите на Матка, потврди претседателката на комисијата Билјана Ивановска. Работиме на нив, се собира потребната документација и мислам дека ќе излеземе со конкретни резултати, рече Ивановска во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма.
Таа вели дека комисијата дала иницијативи за сите три предмети до обвинителството но неговото делување по нив не зависи од антикорупциската.
Ивановска рече дека некои од институциите си ја завршиле својата работа, особено инспекторатите во предметот за Макта и нивните записниви биле користени од антокорупциската. Таму проблемот бил игнорирањето од страна на градоначалникот кој не донел никаква одлука по предметот ставајќи ги институциите во мат позиција, вели таа.