Иванов за едни национален херој, за други срам за демократијата

За едни национален херој, за други срам за демократијата. Јавноста различно ја толкува изјавата на претседателот Ѓорѓе Иванов, дека ќе го бојкотира  референдумот во недела. На неговиот фејсбук профил од вчера постојано добива пораки со кои луѓето му искажуваат поддршка,  додека интернет порталите вријат од колумни и изјави со осуда. Министерот за надворешни работи постапката ја оцени како срамна.

Сличен е и ставот на Социјалдемократите. Во соопштение за јавност пишуваат дека, Иванов е противник на демократијата, бидејќи ја спори најважната демократска алатка – гласањето.

Некои аналитичари сметаат дека, јавно искажаниот став на Претседателот, нема  да има суштинско влијание врз гласачите.

Владимир Божиновски смета дека и Претседателот, како и секој друг функционер, има право на свој став. Потенцира дека, кај нас гласањето не е задолжително како во некои земји, така што секој став е во рамки на законите и правилата.

Претседателот Иванов при посетата на дијаспората во Детроит порача дека еднаш гласал на референдумот во 1991 година и дека нема намера повторно да гласа.

 

Далиборка Дамјанска Цветановска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ