
Иванов нема да го потпише Законот за јазиците
Претседателот Ѓорѓе Иванов нема да го потпише Законот за употреба на јазиците.
Во своето обраќање до граѓаните попладнево, Иванов рече дека Законот е неправеден и репресивен, и поради тоа ја донел одлуката да на го потпише Указот.
Иванов испратил писмо до Собранието во кое инфотмира дека нема да го потпише Указот за стапување на сила на Законот за јазиците, а во прилог го доставил и правното обрзаложение за својата одлука.
Тој ги повика пратениците внимателно да ги разгледаат неговите забелешки за да се дојде до сеопфатно решение за Законот за јазиците, кој сега, како што рече, го фаворизира само албанскиот јазик.
Собранието го донесе Законот за јазиците на 11 јануари, без пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.