Иванов на Палмер му го потврдил својот став за Договорот со Грција

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со вршителот на должноста заменик-помошник државен секретар во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија, Метју Палмер. Разговарале за актуелните политички состојби во Македонија. Претседателот на средбата го повторил својот став во опднос на Договорот постигнат со Грција, дека не прифаќа договор со кој се крши Уставот, Законите и се рушат државните институциите и претставува договор кој е на штета на македонските национални интереси. Посочил дека Макаедонија заслужува да стане дел од НАТО Алијансата, без никакви услови, бидејќи како што кажал од 2008-та година Македонија ги исполнила условите за членство во НАТО.

Тој изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно политичките цели и приоритети на Македонија, за добрососедските односи и регионалната соработка, соопштија од кабинетот на Иванов.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ