Истражители од обвинителството за гонење на организиран криминал се во СЈО заради поделбата на бонусите

Телма неофицијално дознава дека истражители од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се во СЈО.

Според нашите информации, тие се испратени во врска со информациите за распределбата на големите бонуси која се одвивала во специјалното јавно обвинителство, за да соберат документација за оваа поделба на парите, 

Како што претходно објавивме, специјалната обвинителка Катица Јанева по основ на додатоци си доделила 157 000 евра во текот на мандатот, додека другите обвинители помеѓу 70 и 100 илјади евра.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ