
Историчарите со поддршка за заедничко одбележување на „Кирил и Методиј“
Македонија и Бугарија треба заеднички да одбележуваат некои личности и настани од историјата, а во учебниците е потребна измена и подобрување на наставната содржина во која сега има етноцентризам и националистичка реторика. Ова се клучните заклучоци од втората средба на експертските комисии на двете држави.
Со оглед на испреплетеноста на историјата и настаните, како и важноста на личностите во двете држави експертската комисија дала поддршка заедничко одбележување на просветителите Кирил и Методиј во Рим и на некои јубилеји поврзани со Цар Самоил.
Македонските и бугарските историчари се сретнаа во Скопје а разговорите траеа два дена и се одржаа во Клубот на пратениците. Се разгледувале три периоди, праисторија, антика и среден век кои се опфатени во учебниците за историја од петто, шесто и седмо одделение. Во учебниците има конфликтни и нејасни толкувања на настани и личности и многу погрешна престава на муслиманското население во двете држави.
Копретседателот и координаторот на македонската делегација, академикот Драган Ѓоргиев, кој е и директор на Институтот за национална историја вели дека најголем дел од забелешките биле за периодот на средниот век поради споритставените наративи, но имало огромни пропусти и во наставните содржини за праисторијата.
Двете комисии ќе се сретнат уште еднаш, кон крајот на ноември но овој пат во Софија и по оваа средба ќе бидат изготвени конечни препораки и насоки за содржините по историја кои се изучуваат во пето шесто и седмо одделени кои ќе биодат доставени до Владите на Македонија и Бугарија на кои останува да ги уважат и применат или пак да ги отфрлат.
Огнен Чанчаревиќ