Истепан раководител во тетовскиот Водовод зашто не пуштил вода за дивоградба

Самедин Абедини раководител на Секторот за водовод и канализација при ЈКП Тетово е навредуван и физички нападнат на неговото работно место од 40 годишен тетовец, оти одбил да ги приклучи овие градби на водоводниот систем.

Тој побарал од напаѓачот најпрвин да се обрати до секторот за комунални дејности при Општина Тетово кои според Абедини се надлежни за добивање на дозвола за приклучок и изградба на потребната водоводна инфрастурктура.

Тој случајот го пријавил во полиција и јавното обвинителство, од каде информираат дека работаат на целосно расчистување.

Абедини вели дека голме број објекти од овој дел на Тетово како и лицето кое го нападнало ги немаат потребни документи за добивање на комунални услуги.

Од Општина Тетово велат дека договори за комунални услуги склучува Јавното комунално претпријатие Тетово. Оттаму пак не успеавме да добиме никаков одговор дали напаѓот на нивно вработено лице  ги има извадено потребните докуменит за приклучок во градската водоводна мрежа.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ