
Разреден токсичен метил акрилат мономер истекол во Охис
Откажал вентил на стар резервоар каде што се чувал метил акрилат во поранешниот хемиски гигант Охис. Од Министерството за животна средина за Tелма потврдуваат дека течноста која истекува е токсична и со силна миризба. Чистењето го врши АРМ затоа што само тие ја имаат потребната опрема и обучен персонал за вакви интервенции
„Са среќа резевоарот е граден според југословенски стандарди со заштитна када во која е собрана излеаната течност“, информираат од Министерството за животна средина. Првата реакцијата до надлежните стасала од околните жители кои први ја почуствувале силната миризба. Инспекторите за сега констатирале дека истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува историски хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.
„Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината“
Фирмата има дозвола да препакува т.н. историски отпад кој го пакува во буриња и го извезува во Швајцарија. Станува збор за отпад во количина од 60 до 70 тони. Освен миризбата од таму потврдуваат дека не е предизвикана поголема материјална штета ниту последици врз животната средина.