Истекува рокот за отстранување на дивите тераси во чаршијата

Скопје се најде на мапата на Европа. Ама во урнатини. Странските делегати и гости кои дојдоа да ги видат убавините на старата скопска чаршија се прошетаа низ остатоците од летните тераси на околните кафулиња.

Целта на вицепремиерот Бујар Османи и заменикот градоначаникот на град Скопје, Енвер Малиќи  беше да се видат знаменитостите на чаршијата.

Само што овој пат наместо староградскиот дух на различните култури и градби, преовладуваше грдата слика на градот.

Случајните минувачи, излезени на саботна прошетка и пазарување, зад камерите ни кажаа дека  редно време е да се реши овој проблем.

Велат за да стасаат онаму каде што тргнале треба да поминат низ лавиринтот од маси и гости во кафана.

Од општина Чаир убедуваат дека ќе ги послушаат апелите на граѓаните.

Велат дека законот е ист за сите, па така и за газдите на кафаните.

Сепак ќе бидат поштедени од казни оние кои сами ке ги срушат терасите во дадениот рок .

„Кон нив нема да биде изречени предвидените законски казни. Иницираната акција од страна на Општина Чаир ќе продолжи да се реализира и Висар Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот“ – соопшти Општина Чаир.

Инспекцијата утврди дека речиси сите угостители без дозвола поставиле летни тераси.  Казните се по 5000 евра ,а доколку самите не ги отстранат ќе платат и за трошоците за рушење.

Минатата недела со акција за уривање на диви летни тераси почна и Општина Центар при што беа отстранети конструкциите и платформите на неколку кафулиња во Дебар Маало.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ