Апелација денеска ќе одлучува по жалбата на Камчев

Деновиве скопска апелација треба да одлучи по жалбите за куќните притвори на дел од осомничените во Империја. Прв, чија жалба ќе се разгледува на јавна седница попладнево е бизнисменот Орце Камчев, потврдуваат од второстепениот суд. Од неговата одбраната пак велат Камчев нема да присуствува бидејки не е задолжително неговото присуство.

Одбраната на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, уште минатиот петок побара укинување на куќниот притвор од Кривичниот суд со образложение дека притворот го барал неовластен тужител согласно мислењето на Врховниот суд , дека по 18 месеци од преземање на бомбите СЈО не е надлежно да води постапки.  Ова може да биде и прва трест одлука за судиите од Кривичниот суд, дали ќе го почитуваат мислењето на највиоскиот суд или не.

СЈО најавува дека како и досега ќе бара да им се продолжи мерката куќен притвор на осомничените во „Империја“, преземен предмет кој веќе бил отворен во редовното Обвинителство за организиран криминал и корупција.

Законот е јасен, рокот на СЈО е истечен, изјави вчера претседателот на Врховен, Јово Вангеловски во Топ Тема на Ваша Страна. Па така, ако осудениот се жали на Апелација, а жалбата стигне до Врховен, судот ќе ја укине одлуката. Но, тоа не значи вели тој дека Врховен му пресудува на СЈО, вели Вангеловски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ