
Испратени писма за задолжување во странство – банките ја чекаат уредбата на Владата за кредитите
Банките размислувале да се одложи плаќањето на ратите за кредити за граѓаните кои евентуално ќе останат без работа или нема да добиваат плата, како и за граѓаните чија плата ќе биде сведена на минимална.
Оние граѓани што нема да имаат намалување на платата ќе си продолжат со редовно плаќање, а доколку имаат одредено намалување на платата тогаш може да им биде намалена и ратата за кредит.
Слично ќе се постапува и за компаниите – оние кои ќе бидат директно и индиректно погодени од кризата ќе добијат одложено плаќање на кредитите. Од Македонската банкрска асоцијација незасега е сакаат офицјлано да коментираат, но според информциите на Телма, ова се размислувањата на банките, откако Народната банка им даде сигнал дека по различни основи може да го олеснат плаќањето на кредитите за нивните клиенти.
Сепак за тоа како ќе се одвива процедурата – се чека уредбата на владата. Но во јавноста настана забуна по мерките што ги најави СДСМ. Од СДСМ и денеска го повторија ставот.
Кредитите за правните и физички лица се одлагаат за три месеци, се стопираат извршителите на три месеци, а во тој период од плаќање закуп се ослободуваат корисниците на социјални станови и оние кои под закуп имаат деловен простор од Јавното претпријатие за станбен и деловен простор, велат од СДСМ во соопшението.
Веќе е во тек седница на Владата каде треба да се разгледаат евентуалните мерки кои стигнаа како предлози и од партиите.
Дополнително испратени се барањата од Министерството за финансии до меѓународните финансиски институции , Светска Банка, ММФ и комерцијални банки од каде државата ќе бара 600 милиони евра а на домашан пазар според планот може дасе задолжи со уште 150 милиони евра. Но опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека постои можност да се обезбеди една милијарда евра.
Покрај тие 600 милиони евра кои ќе се обезбедат преку позајмица од Светската банка, ММФ и Странските банки, дополнително може да се обезбедат околу 400 милиони евра преку државни хартии од вредност кои ќе ги издаде министерството за финансии, имено пасивниот капитал да се претвори во актива. Тековно, банките на сметки во НБРМ имаат огромна ликвидност и дополнително од тоа, имаат 25 милијарди денари во благајнички записи (тоа е околу 420 милиони евра) изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска и новоформираниот економски совет, во состав од власт опозиција, бизнис сектор и акдемската заедница имаше состанок. А нивниот став е дека нема да ги коментираат предлозите на партиите.
Наташа Стојановска