Испратени барања за екстрадиција на „Монструм“

Новите барања за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од „Монструм“ се во рацете на косовска правда. Откако првиот пат Приштина не ги испорача поради сомнеж  дека двајцата обвинети можат да бидат осудени врз националана основа, македонското министерство за правда со новите барања за екстрадиција ги уверува косовските власти дека на двајцата обвинети им е загарантирано правото на фер судење, независно од тоа на која заедница припаѓаат.

Овој факт го потркепуваат и со извештајот на Европската Комсија за 2018-та, дека новата влада покажала волја за решавање на итните реформски приоритети,  но и со годишниот извештај за човековите права на САД, Биро за демократија, човекови права и труда,  каде не се констатирани прекршувања на правата пред македонските судови врз основа на национална расна или етничка припадност. Во во барањата за Демири и Исмаиловиќ стои дека делото за кое се обвинети не е политичко воено или фискално дело.

На забелешката на косовските власти дека Демири и Исмаиловиќ во отсуство Кривичниот суд ги осудил на доживотна казна затвор министерката Рената Дескоска во барањато за екстрадиција одговара дека во меѓувреме состојбата е сменета,  Врховниот суд ги укина пресудите и предметот го врати на повторно судење

  • Обвинетиот Алил Демири (Африм Исмаиловиќ) во Република Македонија има право во правично и јавно судење пред пред независен и непристрасен суд  во контрадикторна постпака  да може да ги оспорува обивненијата  против него и да предлага  и изведува докази во своја одбрана, пишува во барањето. 

И додека македонските власти бараат Демири и Исмаиловиќ повторно да бидат лишени од слобода и испорачани, нивниот адвокат Насер Рауфи смета дека Косово нема да дозволи екстрадиција. Во телефонски разговор ни рече дека за тоа косовките власти еднаш одбиле екстрадиција и тоа е завршена работа-  не очекува дека за истата работа повторно ќе одлучуваат. Тоа што „Монструм“ е укинат  има ново судење според адвокатот е причина плус да не бидат екстрадирани, бидејќи со тоа како што вели се докажало дека се паушално обвинети  без докази.

Во повторената постапка „Монстурм“ е во рацете на СЈО, а  судењето го водат други судии од Кривичниот суд.

Елена Ивановска Мукоска

https://youtu.be/YS8PLzdjRaM

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ