Искршена таблата на објектот на Подрачното оддление на Државниот архив во Струмица

Тројазичната табла на Државниот архив искршена на ситни парчиња. Само неколку денови по нејзиното поставување, непознати сторители ја ишарале и скршиле. Раководителот на одделението во Струмица не сакаше да зборува во камера.

Вели дека вандализмот се случил најверојатно во текот на викендот, бидејќи во петокот кога заминале од работа таблата не била уништена. Утрово го затекнал скршено обележјето и пријавил во СВР Струмица, од каде дошле и извршиле увид.

Од Државниот архив во Струмица не знаат зошто им е поставена тројазичната табла. Велат дека таква претходно е поставена и во штипското одделение на Државниот архив. За информации упатија во Владата бидејќи таблите се изработени по нарачка на Служба за општи и заеднички работи.

Сузана Мицева

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ