Иселувањето ја чини Македонија загуба од 3,1 процент од БДП

Иселувањето ја чини Македонија годишна бруто загуба од околу 333 милиони евра или 3,1 процент од БДП за 2018. Истражувањето на Вестиминстер фондацијата за демократија и Институти за развој и иновации за тоа колку чини иселувањето на младите покажува дека секој работоспособен човек кој ја напуштил земјава со себе однел околу 15.850 евра од потенцијалниот иден БДП на земјата.

Иселувањето ја чини земјата и во делот на образованието. Освен што ја напуштаат високо квалификувани кадри, истражувачите пресметале дека од околу 502 милиони евра инвестирани во образованието во 2018 година, на образованието на оние кои си одат се потрошени меѓу 116 и 433 милиони евра, зависно од степенот на образование. Само како пример образованието на еден доктор на науки ја чини во просек земјата 48.000 евра.

Но освен негативните ефекти, иселувањето на змејава само во 2018 и донела околу две проценти од БДП или околу 200 милиони евра, по основ на дознаки од странство.

Најмногу иселување имало во 2015 година – 32.000, додека во 2016 година таа бројка се намалила за 30 процетнти т.е. на 21.000. Просекот на иселување од Македонија во земјите од ОЕЦД е 23.000 луѓе годишно. Во овие бројки се вклуени и лицата кои привремено ја напуштиле земјав поради школување, привремена работа поради што во текот на пет години просекот на повратници е 13.500. Најголем број повратници имало во 2016, речиси 19.000.

Според статистиките на ОЕЦД речиси две третини од македонските мигранти заминале за Германија или изразено во проценти 65. На второ место како дестинација за иселување од змејава е Швајцарија со осум проценти од нив, додека Австрија се наоѓа на третото место со речиси 7 процетни иселеници од земјава. Потоа следат САД со 5,8%.

Според податоците на ОН, во 2017 година околу 535.000 лица родени во Македонија живееле надвор од земјава. 55 проценти од нив биле во Швајцарија, Австрија и Германија. Истата година од 437,000 од оние кои емигрирале од Македонија живеел во Европа.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ