Иселениците годинава поради пандемијата нема да се вратат во родната Битола

Иселениците  од проекуокенаските, но и европските држави, кои традиционално доаѓаа  да го поминат годишниот одмор дома, годинава поради пандемијата  нема да се вратат  во родната Битола. Градот во лето во последните децеинии наликува на туристичко место, со зголемна раздвиженост  и зголмен промет во трговијата и угостителството. Сега кревката локална економија, дополнително ќе биде погодена без доаѓањето на  печалбарите.

  • Имам син кој нема дојде. Тој е 8 месеци во Австралија, работи, а ваму не може да дојде, вели битолчанец.
  • Се јавија нема да дојдат внуците ниту од Австралија, Ниту од Шведска, вели друг битолачанец.

Во последните години се променија и навиките кај нашинците, па наместо да престојуваат кај нивните роднини или пријатели, најчесто закупуваа станови или  отседнуваа  во некои од битолските хотели. Сега се откажани сите резервации  дури до септември.

-Туризмот живнуваше кога доаѓаа исленицте. Ние сега губиме над 80-90 проценти со откажувањето на резервациите, тоа е за нас голема загуба, вели  Тања Стојчевска,   хотел „Треф“ Битола.

При доаѓањето дома, печалбраите ги полнеа и стоматолошките ординации, чии услуги се со неколкукратно пониски цени отколку во државите каде живеат. Стоматолозите велат, сега се заканува затворање на голем број амбуланти.

-Тие конструкции што ги бараат носта поголем прилив на пари и летото ја пкрива цела година. без нив загубите се големи и се заканува затворање на некои ординации, вели Гоце Бејковски, стоматолог.

Дел од исленеците се враќаат, но  затоа што останале без работа. Битолчани велат дека останатите, притиснати од кризата, испраќаат  помалаку пари за разлика од претходните години. Ова го потврдува и извештајот на Светска банка, каде се наведува дека  дознаките   лани во земјите од  Западен Балкан изнесувале 2 до 10 проценти од БДП, но,  поради пандемијата  и загубените работни места низ европските земји, приливот на парични пратки во семејствата ќе се намали.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ