
Иселени дивовселените жители во Урбан парк
Општина Центар утрово почна со иселување на дивовселените жители во напуштените објекти во Урбан парк на Јужен булевар. Со асистенција од полицијата се прави подготовка за уривање на објектите на чие место е предвидено проширување на паркот и целосно уредување на просторот.
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, уште пред два дена најави дека речиси еден месец се во преговори со дивовселените семејства во Урбан парк за да ги напуштат објектите. Им предложиле сместување во прифатните центри, но не прифаќале. Богдановиќ рече дека неколкумина се спакувале и си заминале, но оние што останале повеќе не можат да ги толерираат. Планот е теренот да се расчисти за да може да почне уредување. И овој запуштен дел, ќе биде парк. Со уредувањето ќе биде опфатен и делот во близина на објектите во паркот кој се користи како див паркинг. Таму паркирање нема да има“, вели Богадановиќ.
Урбан парк има околу 30 жители. На нивното однесување се жалеа станарите од околните згради кои речиси цело зимо пријавуваа палење пластика и чад од кој не можат да отворат прозорци.