
Ирена Ристиќ приведена и носена во „лудница“ по полициска проценка
Расцветани рози, полициски службеници и отпушоци на земја. Ваква била сцената пред владата на Илинденска и ноќеска околу еден часот каде актерката Ирена Ристиќ биле приведена затоа што како што тврди сакала да ги исчисти изгаснатите цигари од пред владата. МВР пак преку соопштение, огласи дека таа и уште еден 32 годишен маж ги навредувале полицајците и го нарушувале јавниот ред и мир.
Откако ја предупредиле полицајците дури и ја привеле „непослушната“ актерка. Нејзината верзија преку фејсбук беше следната, била малтретирана од полицајците.
„Противправно бев приведена. Не добив одговор на ниту едно од многуте прашања кои логично се наметнуваа. Зошто ме пикаат во комбе? Што згрешив? Зошто не смеам да ги метам пикавците покрај Влада? (таму не фрлаат граѓаните, туку токму оние кои фрлањето отпад треба да го санкционираат)“, напиша Ристиќ.
Ристиќ смета дека токму тука почнало по што била приведена во полициската станица Беко, а потоа дури и на психијатрија во Брадовци. Пак била вратена во станицата и пуштена по 3 и пол часа од приведувањето. МВР има друга верзија, 43-годишната актерка ги навредувала и пцуела полицајците, соопштија од министерството. Со неа бил 32-годишен маж кој бил пијан по алко тест, но Ристиќ не сакала да направи алко тест ниту во болница да даде крв и урина за проверка дали има алкохол.
„Одбила да даде крв, по што била однесена во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје, со цел добивање на мислење од стручно лице врз основа на надворешните манифестации и симптоми на лицето“, велат од МВР.
Од МВР не објаснуваат како полицајците дошле до таква проценка, но соопштуваат дека и Ристиќ и уште едно лице направиле прекршок за кој ќе добијат парични казни. Ристиќ вчера преку ден била на Марков Манастир, заедно со истомислениците од движењето „Не биди ѓубре„ чистеле она што граѓаните го фрлаат, а надлежните не го собираат. Многумина мислат и дека приведувањето е против акцијата.
Миомир Серафиновиќ