Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува- реновирана и модернизирана бензинската станица на влезот во градот Прилеп
„Макпетрол“ АД е компанија која постојано се труди да ги задоволи потребите на своите потрошувачи и да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива.
Токму поради тоа, во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици како и изградба на нови, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти.
Aнализирајќи ги потребите на потрошувачите, својот инвестициски циклус компанијата го продолжи со реновирање на постојната бензинска станица на влезот во градот Прилеп. Станицата сега доби современ и функционален изглед, при тоа задоволувајќи ги највисоките пропишани технички и безбедносни нормативи. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат во текот на 24 часа, секој ден во неделата.
Вкупната инвестиција за реконструкција на оваа бензинска станица изнесува над 80 милиони денари. На бензинската станица се достапни сите квалитетни горива од фамилијата ULTRA на „Макпетрол“, вклучувајќи ги метанското гориво и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.
Како компанија која е секогаш целосно посветена на зачувување и унапредување на квалитетот, „Макпетрол“ АД продолжува понатаму со инвестицискиот циклус, следејќи ги најновите достигнувања и иновации во делокругот од своето работење.