Инвестиција од 1,2 милиони евра за решавање на проблемот со вода во Пробиштип

Рестрикции на вода за пиење во текот на летото ќе бидат минато за Пробиштип. Со надградбата на Филтер станица граѓаните, но и стопанството добиваат дополнителни 25 литри во секунда, со што капацитетот на овој објект ќе изнесува 100 литри во секунда.

Инвестицијата од 1.200.000 евра е на Владата на Словенија и на Северна Македонија.

Ова е најголемата донација, којашто ја има добиено рударскиот град Пробиштип, а дополнителните колични на вода за пиење ќе значат и сигурност на новите инвестиции во фабриките ТАБ Мак и леарницата Краунфилд Фаундри, којашто со пробно производство ќе стартува од септември.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ