
Интервју со гувернерот на Народна банка на Хрватска, Борис Вујчиќ
Од влезот на Хрватска во Европската унија извозот порасна за 40 отсто, и за три пати порасна бројот на претпријатија што извезуваат, вели во интервју за Телма, гувернерот на Народна банка на Хрватска, Борис Вујчиќ. И порачува на Македонија што побрзо да ги исполни барањата од поглавјата за пристап кон унијата, бидејќи ќе ја зголемат ефикасноста на македонското стопанство. Со Вујиќ разговараше Нина Нинеска Фиданоска.