
Интервју со директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски
Ако антикорупционерите потврдат непотизам, ЕЛЕМ ќе му даде отказ на синот на пратеничката Стојчевска, во интервју за Телма кажа директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски.
Тој останува на ставот дека Виктор Стојчевски, во конкуренција со уште двајца кандидати, бил најсоодветниот млад кадар, кој и е потребен на компанијата.
Во интервјуто директорот на ЕЛЕМ потенцира и дека минатата година компанијата ја завршила со рекордна добивка пред оданочување од 29 милиони евра – што е рекорден профит од постоењето. Со Миновски разговараше Нина Фиданоска.