
Интервју со Арбнора Мемети – фоторепортерка која беше со бегалците кај Едирне
Арбнора Мемети е фоторепортерка која беше кај Едирне каде мигранти од Сирија чекаат да бидат транспортирани до грчкатата граница.
Нејзините фотографии говорат за обидот на сириските бегалци кои сакаат да заминат низ Европа со своите малолетни деца.
Деца од кои некои имаат само десет дена со своите семејства се заглавени кај Едирне во обид да ја напуштат Турција.
Тие спијат под ведро небо на автобуската станица чекајќи транспорт до грчката граница.
Таму беше фоторепортерката Арбнора Мемети која направи потресни фотографии од децата мигранти.